| четврток, 6 декември 2018 |

Загина олимписки вицешампион возејќи се на мотоцикл со Јусеин Болт!

bolt

Британскиот атлетичар Џермејн Мејсон рано утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа во Кингстон, Јамајка, откако излетал од патот возејќи го својот мотор. Медиумите од Јамајка јавуваат дека тој се наоѓал во друштво на најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, со кого заедно биле на забава во еден ноќен клуб. Болт, Мејсон и другите од друштвото направиле конвој од мотоцикли и се упатиле кон своите домови, но веднаш потоа дошло до трагичниот настан, 34-годишниот Мејсон ја загубил контролата, излетал од улицата, а по падот починал на самото вместо.

Болт и јамајканскиот спринтер Мајкл Фрејтер биле меѓу првите што стигнале на местото на несреќата, но не можеле да сторат ништо за да го спасат својот пријател.

mejson

– Најискрено сочувство за целото спортско братство и до најблиското семејство на Џермејн Мејсон – порача премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес.

Мејсон, кој имаше успешна кариера во дисциплината скок во височина, е роден во Јамајка, но подоцна во кариерата реши да настапува за селекцијата на Велика Британија. Негов најголем успех беше освоениот сребрен олимписки медал на ОИ во Пекинг во 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top