| четврток, 6 декември 2018 |

Дибала: Подготвен сум да го продолжам договорот со Јувентус

dibala

Се појавија шпекулации во Италија дека Паоло Дибала сака да си замине од Торино поради недоразбирањата со Масимилиано Алегри. Аргентинскиот фудбалер не сакаше да се поздрави со својот тренер кога беше заменет на натпреварот против Сасуоло на 29 јануари.

Сепак, три недели подоцна, Дибала кажа дека му е жал за својата постапка и дека е спремен да го продолжи договорот со екипата на Јувентус.

– Беше огромна грешка од моја страна и мислам дека нема никогаш повеќе да се повтори. Сега се наоѓам пред нов договор со екипата, а за тоа преостануваат само мали детали. Мојот агент се грижи за тоа и уверен сум дека во наредните неколку дена ќе имам позитивни вести. Сега играм на нова позиција и малку тешко постигнувам голови. Против Интер и Кротоне пропуштив неколку шанси, но среќен сум поради мојата игра и асистенциите кои ги делам на моите соиграчи – изјави аргентинскиот ас.

Нова шанса за докажување ќе има овој викенд против поранешната екипа Палермо, за која настапуваат македонските фудбалери Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top