Арсенал дојде на „Алијанц арена“ и си помина идентично како и во ноември 2015 година. Прими пет гола и загуби со 5-1, оставајќи си само теоретски шанси за реваншот во Л0ндон, дека евентуално би можел да го елиминира Баерн Минхен. Со овој пораз „топчиите“ остварија и нов негативен рекорд. Тие се првиот англиски тим кој успеал да прими 200 гола во елитното европско клупско натпреварување.
– Последните 25 минути беа како кошмар за нас. Не успеавме да пронајдеме одговор за играта на Баерн Минхен. Бевме навистина неорганизирани во одбраната, а се случи и повредата на Кошиелни. Мораме да признаеме дека Баерн Минхен беше многу подобар тим – изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер по поразот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.