| четврток, 6 декември 2018 |

Големите сили никогаш не се откажале од Бал­ка­нот

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Иа­ко Бал­ка­нот, ба­рем јав­но, не е во фо­ку­сот на ин­те­рес на го­ле­ми­те си­ли, пред сѐ, по­ра­ди слу­чу­ва­ња­та на Бли­ски­от Исток и на Ко­реј­ски­от По­лу­о­стров, ре­ги­о­нот пос­лед­ни­ве го­ди­ни си­сте­мат­ски е цел на си­те си­ли што зна­чат не­што во европ­ска­та и во свет­ска­та по­ли­ти­ка.

goran-kol-07-putin-1-copy

Ед­но­став­но, не е ре­ал­на сли­ка­та на ру­ски­те вој­ни­ци што без хра­на и го­ри­во беа оста­ве­ни са­ми на се­бе по вле­зот на НА­ТО на при­штин­ски­от ае­ро­дром, а ко­ја за обич­ни­те смрт­ни­ци зна­че­ше де­ка Ру­си­ја се пов­ле­ку­ва од јуж­ни­от дел на ре­ги­о­нот и оста­ви ре­ги­о­нал­на­та по­ли­ти­ка да ја во­дат САД, Гер­ма­ни­ја, Бри­та­ни­ја и Фран­ци­ја.

Под пла­штот на со­ра­бо­тка­та, пред сѐ, на енер­гет­ски план и фор­мал­на­та ко­рект­на ко­му­ни­ка­ци­ја, ко­ја се во­ди во ОБ­СЕ, ОН и на мар­ги­ни­те на НА­ТО и на ЕУ, во ре­ги­о­нот, а, се раз­би­ра, и во Ма­ке­до­ни­ја, се слу­чу­ва ин­тен­зив­на дип­ло­мат­ска би­тка за вли­ја­ние, кое дол­го­роч­но мо­же да го сме­ни од­но­сот на си­ли­те ло­кал­но, но и по­ши­ро­ко.

И иа­ко, на­ви­дум, би би­ло ло­гич­но да се мис­ли де­ка не­вид­ли­ви­от су­дир се во­ди ме­ѓу две­те су­пер­си­ли САД и Ру­си­ја, во ре­ги­о­нот се слу­чу­ва­ат актив­но­сти што по­ка­жу­ва­ат де­ка, всуш­ност, се ра­бо­ти за вна­тре­шен европ­ски су­дир, во кој, нас­про­ти Мос­ква, не е Ва­шин­гтон, ту­ку се вклу­че­ни Бер­лин, Лон­дон и Па­риз, кои ни­ко­гаш не се отка­жа­ле од сво­и­те со­ни­шта да би­дат глав­ни­те игра­чи во кре­и­ра­ње­то на по­ли­ти­ка­та во овој дел од Евро­па. Се раз­би­ра, во овој кон­текст не смее да се изо­ста­ви ни­ту Тур­ци­ја, ко­ја осо­ко­ле­на од огром­ни­от еко­ном­ски бум, кој до пред две го­ди­ни се ме­ре­ше со дво­ци­фре­ни број­ки, се оби­ду­ва да кре­и­ра свој си­стем на вли­ја­ние во ре­ги­о­нот. Она што е раз­лич­но од пред 100 го­ди­ни ко­га исти­те игра­чи ја има­ле иста­та цел ка­ко и де­нес, е тоа што се­га се во игра раз­лич­ни мо­де­ли на ос­тва­ру­ва­ње вли­ја­ние.

Во тој кон­текст, нај­ин­те­ре­сен е при­ста­пот на САД, кои, на при­мер, са­мо во Ма­ке­до­ни­ја од не­за­вис­но­ста во 1991 го­ди­на до­се­га, нај­че­сто пре­ку Аме­ри­кан­ска­та аген­ци­ја за ме­ѓу­на­ро­ден раз­вој (УСА­ИД), има­ат по­тро­ше­но по­ве­ќе од ед­на ми­ли­јар­да до­ла­ри, што зна­чи де­ка Ва­шин­гтон до­ни­рал не­по­врат­ни средс­тва во ви­си­на на еден др­жа­вен бу­џет од кра­јот на 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. При­тоа, не са­мо што ма­те­ри­јал­но ја по­ма­гаа зем­ја­та, САД и на по­ве­ќе дру­ги на­чи­ни, ди­рект­но или ин­ди­рект­но, обез­бе­ду­ва­ше ста­бил­ност за мла­да­та др­жа­ва. Ре­зул­та­ти­те од та­кви­от при­стап се по­ве­ќе од очиг­лед­ни, нај­го­лем дел од гра­ѓа­ни­те ги сме­та­ат САД за нај­по­са­ку­ван парт­нер. И кај Ал­бан­ци­те и кај Ма­ке­дон­ци­те, и по­крај тоа што дел од Ма­ке­дон­ци­те ви­нов­ни­кот за на­ста­ни­те во 2001 го­ди­на го ба­ра­ат во Ва­шин­гтон. Приз­на­ва­ње­то под устав­но­то име и за­лож­ба­та на аме­ри­кан­ска­та дип­ло­ма­ти­ја да го по­мог­не вле­зот на зем­ја­та во НА­ТО ја за­пе­ча­ти по­зи­ци­ја­та на САД во ма­ке­дон­ски­те стра­те­ги­ски пла­но­ви. Мо­же­би тоа е и нај­го­ле­ма­та при­чи­на за­што Аме­ри­ка не е осо­бе­но актив­на и ба­рем на­ви­дум не се оби­ду­ва да се стек­не со уште по­го­ле­мо вли­ја­ние во Ма­ке­до­ни­ја.

goran-kol-07-putin-2-copy

ЕУ, Ру­си­ја и Гер­ма­ни­ја на иста ли­ни­ја

Ин­те­рес­но е ка­ко во­деч­ки­те ру­ски ана­ли­ти­ча­ри гле­да­ат на жел­ба­та на зем­ји­те во ре­ги­о­нот за влез во ЕУ и на ру­ски­те ин­те­ре­си. Спо­ред Ју­ли­ја Ку­дра­шо­ва, про­фе­сор­ка и ана­ли­ти­чар­ка на Ру­ски­от со­вет за ме­ѓу­на­род­ни ра­бо­ти, срп­ска­та по­ли­тич­ка ели­та ја гле­да сво­ја­та ид­ни­на во ЕУ, но исто­вре­ме­но не се отка­жу­ва од прод­ла­бо­чу­ва­ње на од­но­си­те со Ру­си­ја. Спо­ред неа, срп­ска­та вла­да сме­та де­ка за­јак­ну­ва­ње­то на од­но­си­те со Ру­си­ја е на иста ли­ни­ја со иде­ја­та за европ­ска ин­те­гра­ци­ја. При­тоа, Ку­дра­шо­ва ве­ли де­ка исто­вре­ме­но Ср­би­ја ужи­ва зна­чај­на по­мош од Гер­ма­ни­ја, ко­ја се оби­ду­ва да го на­пра­ви Бал­ка­нот ре­ги­он под свое вли­ја­ние.

За раз­ли­ка од чич­ко Сем, Ру­си­ја, ко­ја во ера­та на Ел­цин про­пу­шти де­се­ти­на го­ди­ни, пра­ктич­но по рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја, освен во Ср­би­ја, го за­гу­би сво­е­то вли­ја­ние на Бал­ка­нот, кое на те­ме­ли­те на панс­ла­виз­мот го гра­де­ше уште од по­ра­зот во Ру­ско-ја­пон­ска­та вој­на во 1905 го­ди­на. Двоецот Путин-Медведев од своите кабинети во Мос­ква се­га се оби­ду­ваат да го на­док­на­дат про­пу­ште­но­то со ком­би­на­ци­ја од два еле­мен­ти во кои мал­ку­ми­на од неј­зи­ни­те про­тив­ни­ци мо­жат да ѝ па­ри­ра­ат – со енер­гет­ско и со цр­ков­но вли­ја­ние.
Де­ка Ру­си­ја не се отка­жу­ва од ос­тва­ру­ва­ње вли­ја­ние на Бал­ка­нот, иа­ко тоа са­мо по се­бе не е ни­ка­ков до­каз, мо­же да се ви­ди од отво­ра­ње­то на веб-пор­та­лот „Ру­ска реч“, кој об­ја­ву­ва ве­сти на ма­ке­дон­ски и на срп­ски ја­зик. Овој ко­ри­сен сер­вис, пре­ку кој и ме­ди­у­ми­те и гра­ѓа­ни­те мо­же да се ин­фор­ми­ра­ат за си­ту­а­ци­ја­та во Ру­си­ја и за неј­зи­ни­те при­о­ри­те­ти, е отво­рен во мо­мен­тот ко­га во Кон­гре­сот на САД се во­ди остра по­ле­ми­ка за за­тво­ра­ње на ме­ди­ум­ски­те сер­ви­си „Гла­сот на Аме­ри­ка“ и „Ра­дио Сло­бод­на Евро­па“, кои дол­ги го­ди­ни во Сту­де­на­та вој­на за нај­го­лем дел од гра­ѓа­ни­те на Ју­гос­ла­ви­ја беа единс­твен про­зо­рец кон све­тот.

По­крај ма­сив­ни­те ин­ве­сти­ции во енер­гет­ски­от се­ктор во ре­ги­о­нот и во Ма­ке­до­ни­ја, Ру­си­ја е актив­на во т.н. цр­ков­на дип­ло­ма­ти­ја иа­ко тоа не мо­же да се ви­ди со го­ло око. Па­ра­лел­но со по­сто­ја­на­та би­тка ру­ски­от па­три­јарх да има нај­мал­ку ед­на­ков хи­е­рар­хи­ски ста­тус ка­ко и па­три­јар­хот од Кон­стан­ти­но­пол, Вар­то­ло­меј, Ру­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, со под­др­шка на Кремљ, е иск­лу­чи­тел­но актив­на во си­те зем­ји во ре­ги­о­нот ка­де што пра­вос­ла­ви­е­то е до­ми­нант­на ре­ли­ги­ја.

Пра­ктич­но, Ру­си­ја има две ге­не­рал­ни стра­те­гии за Бал­ка­нот. Пр­ва­та е ре­ли­ги­ска и во неа актив­но­сти­те се на­со­че­ни кон по­ми­ру­ва­ње на пра­вос­лав­ни­те цр­кви во ре­ги­о­нот. Во тој кон­текст, су­ди­рот ме­ѓу Срп­ска­та и Цр­но­гор­ска­та цр­ква и не е тол­ку ва­жен за­тоа што тој не мо­же да ги бло­ки­ра до­бри­те од­но­си ме­ѓу Бел­град и Под­го­ри­ца, што не е слу­чај со цр­ков­ни­от спор ме­ѓу МПЦ и СПЦ, кој ја по­пре­чу­ва пра­вос­лав­на­та оска се­вер- југ.

Не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции го­во­рат де­ка ру­ска­та по­зи­ци­ја во овој кон­текст не ѝ оди во при­лог на Ма­ке­до­ни­ја. Име­но, одре­де­ни вли­ја­тел­ни ру­ски цр­ков­ни ли­ца сме­та­ат де­ка спо­рот за име­то мо­же да се ре­ши са­мо до­кол­ку се над­ми­не и спо­рот ме­ѓу цр­кви­те.

При­тоа до­бро­у­па­те­ни из­во­ри ве­лат де­ка во тој кон­текст тре­ба да се ана­ли­зи­ра и из­ја­ва­та да­де­на од но­ви­от срп­ски пре­тсе­да­тел Ни­ко­лиќ, кој во де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на во Ати­на збо­ру­ва­ше за мост на по­вр­зу­ва­ње на Се­ве­рот и Ју­гот.

Вто­ра­та стра­те­ги­ја што тре­ба да до­ве­де до зго­ле­ме­но ру­ско вли­ја­ние во ре­ги­о­нот е т.н. ко­мер­ци­ја­ли­за­ци­ја, од­нос­но ин­фра­стру­ктур­но и енер­гет­ско по­вр­зу­ва­ње, ка­ко и ин­ве­сти­ции во енер­ге­ти­ка­та, бан­кар­ски­от се­ктор и во во­е­на­та ин­ду­стри­ја. На­ја­ва­та де­ка Ср­би­ја на­ско­ро ќе при­ста­пи кон во­ен со­јуз во кој, по­крај Ру­си­ја, чле­ну­ва­ат и не­кол­ку од по­ра­неш­ни­те со­вет­ски ре­пуб­ли­ки е са­мо еден од сиг­на­ли­те де­ка Мос­ква со­се­ма ус­пеш­но се дви­жи кон сво­ја­та цел – до­би­ва­ње без­бе­ден ко­ри­дор за по­сил­но при­сус­тво на Ме­ди­те­ра­нот и на Сре­до­зем­но Мо­ре, но и во­е­но, еко­ном­ско и стра­те­ги­ско нав­ле­гу­ва­ње во зад­ни­на­та на ид­ни­от ра­ке­тен штит кој, спо­ред нај­а­ви­те, тре­ба да се гра­ди во Бу­га­ри­ја и во Ро­ма­ни­ја.

Пре­тво­ра­ње­то на ни­шки­от цен­тар за во­нред­ни си­ту­а­ции, кој за­се­га се за­ни­ма­ва со по­мош при еле­мен­тар­ни не­по­го­ди во во­е­на ба­за на ру­ска­та ар­ми­ја, тре­ба да ја по­твр­ди те­за­та за т.н. ми­ли­та­ри­за­ци­ја на над­во­реш­на­та ру­ска по­ли­ти­ка, спо­ред ко­ја ру­ско­то вли­ја­ние на Бал­ка­нот тре­ба да се од­ви­ва пре­ку цен­та­рот во Бел­град и, пред сѐ, пре­ку пре­тсе­да­те­лот Ни­ко­лиќ, кој сво­е­вре­ме­но из­ја­ви де­ка е по­до­бро Ср­би­ја да би­де ру­ска про­вин­ци­ја откол­ку Ср­би­те да ста­нат европ­ски ро­бо­ви.

goran-kol-07-za-goran-istorijata-se-povtrouva-copy

Мно­гу­ми­на сме­та­ат де­ка во пер­и­о­дот што сле­ду­ва ќе би­де­ме све­до­ци на иде­ја­та за не­ос­ла­ви­зам, ко­ја би­ла актив­на во 19 век и во по­че­то­кот на 20 век. Во оваа ак­ци­ја, се раз­би­ра во мо­дер­но вре­ме, ру­ски­от гас и на­фта ќе има­ат по­дед­на­кво вли­ја­ние при ши­ре­ње­то на пра­вос­ла­ви­е­то ка­ко сврз­но тки­во на панс­ла­виз­мот, кој е при­су­тен ме­ѓу по­ли­тич­ка­та ели­та во оваа зем­ја иа­ко не мо­же да се нај­де во со­вре­ме­ни­те стра­те­гии на офи­ци­јал­на­та ру­ска над­во­реш­на по­ли­ти­ка.

Гер­ма­ни­ја и Фран­ци­ја со иста цел, но со раз­лич­ни ин­те­ре­си

Ка­ко во­деч­ка зем­ја во ЕУ и ед­на од нај­бо­га­ти­те европ­ски др­жа­ви, Гер­ма­ни­ја пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни на­пра­ви се­ри­оз­на пред­ност пред оста­на­ти­те европ­ски парт­не­ри и исто­вре­ме­но про­тив­ни­ци, во прв ред Фран­ци­ја и Бри­та­ни­ја, кои има­ат свои ин­те­ре­си на Бал­ка­нот. Ко­ри­стеј­ќи ја сво­ја­та еко­ном­ска по­зи­ци­ја, но и прин­ци­пи­ел­на по­ли­ти­ка, Гер­ма­ни­ја ус­пе­ва да ста­не гла­вен по­ли­тич­ки и еко­ном­ски парт­нер во ре­чи­си си­те зем­ји од ре­ги­о­нот и да има се­ри­оз­но по­ли­тич­ко вли­ја­ние при до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки на на­ци­о­нал­но ни­во. Во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја, за жал, Гер­ма­ни­ја из­бег­ну­ва ди­рект­на ин­вол­ви­ра­ност и за­се­га ги ко­ри­сти сво­и­те бли­ски со­јуз­ни­ци во ЕУ, кои со сѐ по­мал ус­пех вр­шат при­ти­сок врз Гр­ци­ја. Мно­гу­ми­на, се­пак, се убе­де­ни де­ка Гер­ма­ни­ја има скри­е­на уло­га во че­ти­ри­те до­се­гаш­ни по­зи­тив­ни из­ве­штаи за зем­ја­ва и тур­ка­ње­то на при­стап­ни­от ди­ја­лог на ви­со­ко ни­во (ХЛАД), по­крај бри­тан­ска­та упор­ност да ѝ до­не­се на Ма­ке­до­ни­ја кан­ди­дат­ски ста­тус. Фран­ци­ја, ко­ја, освен исто­ри­ски­те вр­ски со Ср­би­ја и со Гр­ци­ја, сѐ по­ве­ќе ја гу­би тр­ка­та за вли­ја­ние на Бал­ка­нот, е ед­на од ре­тки­те член­ки на ЕУ што отво­ре­но се про­тив Ма­ке­до­ни­ја при при­е­мот во НА­ТО и во ЕУ.

Служ­би­те ни­ко­гаш не ми­ру­ва­ат

Ка­ко ре­тко ко­га во пос­лед­ни­ве де­це­нии бро­јот на раз­лич­ни „служ­бе­ни­ци“, „ана­ли­ти­ча­ри“ и „кон­сул­тан­ти“ што се при­сут­ни во ре­ги­о­нот по­сто­ја­но се зго­ле­му­ва. Се раз­би­ра, не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции ве­лат де­ка Бел­град го пре­зе­ма при­ма­тот на гра­до­ви ка­де што има нај­го­лем број тај­ни и јав­но дек­ла­ри­ра­ни при­пад­ни­ци на тај­ни­те служ­би кои сѐ по­мал­ку се за­ни­ма­ва­ат со без­бед­нос­ни, а сѐ по­ве­ќе со еко­ном­ски и со фи­нан­си­ски ин­фор­ма­ции. Во отсус­тво на се­ри­оз­на опас­ност од нов конф­ликт од по­го­ле­ми раз­ме­ри во ре­ги­о­нот и сѐ по­ма­ла по­тре­ба за по­да­то­ци за во­е­ни ин­ста­ла­ции кои се­га се до­стап­ни и пре­ку са­те­лит­ски и те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски си­сте­ми, се­га во мо­да се ин­фор­ма­ции за транс­фер на па­ри, ин­ве­сти­ции во енер­гет­ски­от се­ктор, вод­ни ре­сур­си, тр­го­ви­ја и на­о­ѓа­ли­шта на ми­не­ра­ли и дру­ги при­род­ни бо­гат­ства. При­чи­на­та за зго­ле­ме­но­то при­сус­тво на тај­ни­те служ­би во Бел­град ле­жи во фа­ктот што во овој град ќе пад­не ко­неч­на­та од­лу­ка за ид­ни­на­та на Ко­со­во, но, се­ка­ко, и во фа­ктот што во не­ко­гаш­ни­от гла­вен град на по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја бро­јот на ру­ски кон­сул­тан­ти во по­ве­ќе се­кто­ри, пред сѐ во енер­ге­ти­ка­та, за пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни е зго­ле­мен за де­се­ти­на па­ти.

Кои се ин­те­ре­си­те на Ан­ка­ра на Бал­ка­нот

На кра­јот на оваа ми­ни-ана­ли­за за оби­дот на не­кол­ку сил­ни зем­ји да го вра­тат или да го зац­врс­нат сво­е­то вли­ја­ние на Бал­ка­нот збор-два и за вра­ќа­ње­то на уло­га­та на Тур­ци­ја на Бал­ка­нот. Зем­ја­та, ко­ја ба­рем ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, за­ед­но со САД, ја сме­та­ат за нај­до­бар при­ја­тел, сѐ по­ве­ќе се на­мет­ну­ва ка­ко играч без кој не мо­же да се до­не­сат стра­те­ги­ски од­лу­ки во ре­ги­о­нот. Поз­на­ва­чи­те ве­лат де­ка кај Тур­ци­ја, по­крај еко­ном­ски­от ин­те­рес и оби­дот да се соз­да­дат ус­ло­ви за раз­вој на број­но­то тур­ско на­се­ле­ние во ре­ги­о­нот, тре­ба да се ана­ли­зи­ра и од­но­сот кон ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­стич­ки дви­же­ња во ре­ги­о­нот кон кои вла­да­та на Ер­до­ган не­ма то­ле­ран­ци­ја. Она што не мо­жат да го сог­ле­да­ат обич­ни­те гра­ѓа­ни, а за ана­ли­ти­ча­ри­те е по­ве­ќе од вид­ли­во, е актив­но­ста ко­ја Тур­ци­ја ја пре­зе­ма во од­нос на сѐ по­сил­но­то вли­ја­ние на са­у­ди­ски­те и на иран­ски­те ис­лам­ски учи­те­ли, осо­бе­но ме­ѓу Бош­ња­ци­те во Бос­на и Хер­це­го­ви­на и ме­ѓу Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја. Ко­рект­ни­от и прин­ци­пи­е­лен од­нос на офи­ци­јал­на Ан­ка­ра кон ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње, но и за си­те дру­ги отво­ре­ни пра­ша­ња во ре­ги­о­нот, ду­ри и со исто­ри­ски­от не­при­ја­тел Ср­би­ја, ја пре­тво­ри Тур­ци­ја во еден од глав­ни­те игра­чи во ре­ги­о­нот кои, па­ра­лел­но со еко­ном­ски­от раз­вој, ста­ну­ва­ат фа­ктор на вли­ја­ние кој е ра­мо до ра­мо со ги­ган­ти­те во свет­ска­та по­ли­ти­ка. Без Тур­ци­ја, сог­лас­ни се си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни за ре­ги­о­нот, во ид­ни­на ќе би­де те­шко да се до­не­су­ва­ат круп­ни од­лу­ки на Бал­ка­нот.

(објавено во 36. број на неделникот „Република“, 10.05.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top