| четврток, 6 декември 2018 |

Досега невидени фотографии на трудната Мерилин Монро, протекоа во јавност!

monro

Фрида Хул била блиска пријателка на Мерилин Монро. Умрела 2014 година, а на пријателите им открила дека Монро останала бремена додека била во брак со Артур Милер, но детето не било негово.

Фрида до својата смрт ја криела вистината за бременоста на славната актерка. Пред смртта ја открила приказната која стоела зад се. Како доказ за својата приказна приложени се и фотографии од трудната Мерилин.

monro

-Фрида беше многу горда што ги има тие фотографии. Раскажала дека се снимени во летото 1960 година додека актерката се уште била во брак со Артур Милер. Бременоста морала да ја крие, бидејќи тој не бил татко на детето. Мерилин тогаш се гледала со францускиот актер Ив Монтан – раскажал сосед на Фреда.

 

Монро набрзо имала спонтан абортус. Очајнички сакала да стане мајка, но никогаш не успеала во тоа. Фрида открила дека актерката имала проблем со јајниците, па поради тоа тешко останувала бремена. Пред ова, изгубила три бебиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top