| четврток, 6 декември 2018 |

Сите песни ѝ ги посвети на неа – ова е сопругата на Бајага!

bajaga

Момчило Бајагиќ Бајага ретко се појавува во јавност, освен ако нема некој музички повод, а синоќа се појави на премиера на филмот „Бисерот на Бојана“ и тоа со сопругата Емилија.

Момчило и Емилија се во брак од 1989 година, а пред тоа се забавувале седум години. Наредната година го добиле синот Марко, а осум години подоцна и ќерката Анџела.

Бајага секогаш истакнувал дека Ема е создадена за него бидејќи имала разбирање за неговата работа. Инаку нивната љубовна приказна почнала во еден автобус во Земун, а другото е историја. Како што во една пригода признал, сите песни ѝ ги посветил на сопругата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top