| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал сомлен во баварската машина, пукна петарда на „Алијанц арена“ (видео)

barn minhen

Баерн Минхен оствари убедлив триумф од 5-1 над Арсенал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите што се одигра на „Алијанц арена“. Тимот на Арсен Венгер со оглед на високиот пораз, најверојатно и овојпат ќе ги заврши настапите во ЛШ на првиот чекор од нокаут фазата осма сезона по ред, иако следува и реванш во Лондон.

Аријен Робен во 11.минута постигна еврогол за отворање на резултатот, а по половина час игра Левандовски направи пенал во својот шеснаесетник. Нојер го одбрани ударот на Алексис Санчез, а топката повторно се одби до Чилеанецот кој успеа да ја затресе неговата мрежа.

Во вториот дел, проработе баварската машина. Роберт Левандовски донесе водство од 2-1, а потоа два гола постигна Тијаго Алкантара. Во зваршницата и Томас Милер се запиша меѓу стрелците и речиси ги откажа „топчиите“ пред реваншот што ќе се одигра на „Емирати“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top