Двајца радио новинари во Доминиканската Република се убиени откако вооружени лица отвориле оган додека биле емитуван дневниот весник во живо преку сервисот Facebook Live на кој се слушале истрелите.
Луис Маниел Медина, презентер на инфирмативната емисија „Milenio Caliente“ или „Жежок милениум“, кој истовремено бил и портпарол на локалниот бејзбол клуб, е убиен додека ја водел програмата во живо во вторникот утрото, пишува во средата The Guardian.. Продуцентот и режисер Лео Мартинез е убиен во соседната канцеларија на радио станицата FM 103.5, соопштија локалните власти,
Истрелите од огненото оружје ги слушнале и слушателите кои ги следеле новостите преку Facebook Live video, при што се слуша женски глас кој вика „Истели! Истрели! Истрели!’, а преносот нагло се прекинува.
Во пукотница, исто така, ранета е и секретарката на радио станицата, Дијаба Гарсија, и е хоспитализирана и била подложена на отна операција.
Полицијата во своето соопштение објави дејка пукањето се случило во градот Сан Педро де Макори, мало гратче на, околу 55 километри источно од доминиканската престолнина Санто Доминго. Редакцијата на радио станицата е сместена во мал трговски центар.
Во врска со смртоносниот напад се уапсени тројца мажи, но ниеден од нив засега не е обвинет. Полицијата, исто така, наведува во соопштението дека сé уште не е јасен мотивот за убиствата.
Локалните медиуми наведуваат дека емисијата „Milenio Caliente“ била популарна особено по нејзините политички анализи и социјални кампањи. Последните неколку седмици, на пример, бил третиран проблемот со загадувањето на заштитеното езеро Лагуна Мален, во близина на Сан Педро,
Оливио де Леон, професор на Факултетот за новинарство, кој лично ги познавал жртвите, изјави дека нападот е без преседан во историјата на Доминиканската Република. Тој предупредува дека властите не само што мора да ги откријат убијците, туку и најверојатните нарачатели на нападот, затоа што во спротивно може да се јави страв кај новинарите.
Досега убиствата беа ретки, но малтретирањата и заплашувањата на новинарите кои известуваа за организираниот криминал и корупцијата е прилично честа појава во Доминиканската Република. Во 2013 година новинарите кои пишуваа против контроверзна судска одлука за одземање на државјанства добива смртни закани и беа подложени на виртуелни онлајн кампањи за нивно вознемирување.
Последниот новинар кој беше убиен во оваа земја е Блас Оливио, застрелан во април 2015 година. Тогаш полицијата соопшти дека Оливио бил во спор со директорот на здружението на земјоделците, кој пријавил дека е жртва на грабеж, а новинарот откривал спротивни детали. За овој случај истрагата сé уште е во тек.
извор:макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)