Дваесет и едногодишен готвач од Карловац, Хрватска, успеа по судски пат да се избори за надомест oд илјада евра и платени судски трошоци, откако во ресторанот „Долчевита“ за време на неговата смена бил претепан од тројца гости.
Инцидентот се случил за време на свадба на 22 јуни 2013 година, кога готвачот бил нападнат од тројца мажи, гости на свадбата. Нападот се случил околу 21:30 часот, помеѓу супата и главното јадење.
Тројката брутално го претепала момчето, без причина, пренесуваат хрватските медиуми. Tие прво ги вреѓале гостите, газдите и вработените во ресторанот. Потоа едниот од нив му удрил силна шлаканица на готвачот, а тој паднал на земја, каде тројцата продолжиле да го удираат.
Тој не побарал медицинска помош дури до завршувањето на смената, туку со модрици и повреди ги завршил обврските околу свадбата. Во Општата болница во Карловац поминал вкупно четири дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.