Корисниците на Твитер се советуваат да ги сменат своите лозинки, соопшти компанијата.
Оттаму вчера известија дека неодамна е откриен тн. „баг” којшто ги чувал лозинките во незаштитена форма, но и оти нема индикации дека имало злоупотреба на лозинки. Сепак, на корисниците им се препорачува да ги променат своите лозинки, посебно ако ја користеле и за други сервиси.
Твитер ги штити шифрите така што ги претвора во кодирана комбинација од цифри и букви, но овој „баг” довел до тоа – лозинката да биде видлива пред да се процесира тоа „маскирање”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.