| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на СДСМ во Куманово

Ниту појавувањето на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски не беше доволен мотив да се собере поголема група на граѓани на вчерашниот протест на опозицијата во Куманово

IMG_4776Дебакал на опозицијата во Куманово. На вчерашниот протест присуствувале околу 2.000 лица, што е многу малку за градот кој важи за еден од бастионите на СДСМ по Струмица. Незадоволството од актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски се одразило и на посетеноста на протестот, велат партиски извори за „Република“.

На протестот имало малку лица од Куманово, а другите биле донесени со автомобили од Крива Паланка и Кратово и околните села.

На присутните им се обратил лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, потоа градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, како и стечајката од приватна фирма, Лилјана Горгиевска. Појавувањето на Георгиевска во јавноста е секогаш координирано од партијата СДСМ, тврдат доброупатени лица од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top