Во поддршка на македонската музика и квалитетот на македонските талентирани изведувачи, Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски на јавноста решија да ѝ го откријат својот став изразен преку несекојдневна музичка „борба“ на ставови, оригинално претставена во нивната нова заедничка песна „Немам пари“.
Во новата песна и видеоспо, Сара и Дамјан заедно соекипа предводена од актерот Тино Костадиновски и водителот Марко Новески, како и многуте статисти вклучени во целата приказна, на непрепознатлив и оригинален начин, отворено и искрено решија да го претстават своето мислење најдобро што можат – преку музиката.
Борбата против самосожалувањето и општествената реалност продолжува, а на фановите и јавноста им останува да се одлучат – кој е за, а кој против.
Новата песна на Сара и Дамјан изобилува со богат аранжман излеан од рацете на Лазар Цветковски, а неизоставна е уникатната изведба на гитара на Пејчиноски.
Музиката на „Немам пари“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара.
Позади видео записот, кој е во режија на Горан Костадинов, стои продукцијата на Горила Филмс, со Васко Павлевски како извршен продуцент.
Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, камера оператор е Александар Ивановски, за сценографијаата се погрижи Влатко Чочоровски, а монтажата е на Јован Кучиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)