Алија Ќосиќ, добитник на највисокото признание на армијата на БиХ „Златен крин“ бил командант на водот 305 – 705 на славната Брдска бригада, а во текот на воените операции на Купреша му го спасил животот на заробениот српски војник, Владо Гајчиќ кој во тие борби ги загубил двете очи.
Иако командантот Ќосиќ за време на војната во поранешна Југославија ги изгубил двајцата браќа, вели дека ниту во еден момент не се двоумел да му помогне на беспомошниот војник, пренесува Аваз.ба.
– Кога го видов Владо ранет и беспомошен, не се двоумев да му помогнам. Некои ми се лутеа за тој чин, но за мене сите повредени беа исти. Никогаш не помислував дека повторно ќе го сретнам тој човек, изјаил Алија.
За време на спасувањето, часовникот на Владо останал кај Алија, а кога овој сакал да му го врати, Владо не сакал да чуе за нешто такво и сакал да му го подари на неговиот спасител.
– Штом заврши војната, Владо почнал да ме бара. Се распрашувал за мене и успеа да ме добие. Прв пат седнавме во 1996 година. Потоа често почнавме и да се слушаме по телефон, ракажал Ќосиќ.
Потоа на неговата адреса стигнала и покана за свадба, Владо го женел својот син.
– Кога стигнав, неговата сопруга му кажа дека сум на врата, а тој оттаму викна – Пријателе, не ме изневери ни овој пат, раскажува Ќосиќ.
На свадбата, Владо пред 400 гости ја раскажал својата потресна живтона приказна.
– Многумина би сакале да се пофалат дека направиле нешто такво. Никогаш не ни помислував дека во мојот живот некогаш ќе раскажам нешто вакво пред сите гости на свадбата на мојот син. Во тие моменти мојот пријател не гледаше дали си Србин, Хрват или Босанец. Ми го спаси животот, изјавил Владо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)