| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во врвот на Евровизија: Организаторите во паника!

evro

Тимот којшто го организира овогодинашниот избор за песна на Евровизија е во сериозен проблем бидејќи голем број вработените дале отказ, па сега прашање е дали ќе успеат да ги испочитуваат сите рокови.
Од Европската радиофифузна установа (ЕБУ) велат дека 21 член на украинскиот јавен сервис дале отказ, вклучувајќи два извршни продуценти, менаџерот за организација на настани и шефот на обезбедување. Затоа од ЕБУ ги потсетиле украинските колеги дека мораат да се придржуваат на планот и да ги почитуваат роковите. Засега не ја спомнуваат можноста да се одложи Евросонгот, кој по планот треба да се одржи во мај во Киев.
Ова е само уште еден во низата скандали кои го потресуваат овогодинашниот избор за песна на Евровизија.
Минатата година победи украинската пејачка Џамала со песната „1944“, која говори за прогонот на Татарите од Крим, што во Русија наиде на негодување и бурни реакции. Поради тоа, учеството на Русија оваа година беше под знак прашалник, но од оваа земја неодамна потврдија дека нивниот претставник и оваа година ќе настапува на Евросонгот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top