| четврток, 6 декември 2018 |

Брат ми ме силуваше во куќа полна со гости – силуваната жена се појави во утринската програма

-Не живеам јас во минатото, минатото живее во мене…Тоа е проблем…Се сеќавам на се, секој детал. А тоа се случуваше од мојата пета до седма година. Еден ден мајка ми влезе во собата и тоа престана!

Ова е потресната исповед на жената која пред неколку дена предизвика лавина од емоции и коментари кога се јави во утринска и призна дека била силувана од сопствениот брат на шест години. 39-годишната жена која ќе остане анонимна се појави во утринската емисија, лицето и беше замаглено, а таа зборуваше за хоророт.

silu

– Се јавив да го извадам тоа од себе, инаку 33 години го чувам, кој ќе ми помогне – рече таа.

-Мојата мајка беше строга жена, татко ми не знаеше. Кога тој ден влезе во соба и го затекна брат ми како ми го прави сето тоа…Се сеќавам само на ќотекот, страшниот ќотек кој го доби…Татко ми никогаш не дозна, бидејќи таа бараше се да остане меѓу нас тројца – вели жената, која додала дека брат и во една прилика ја силувал додека куќата им била полна со гости.

silu2

Таа од дома си отишла на 15 години, нема работа, а завршила само петто одделение.

– Имав една цел во животот, да соберам пари и да си одам од таму, да не го доживувам тоа, вели таа.

Денес нејзиниот брат имал 4 деца, а претходно се развел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top