Познатата водителка Мелита Ракичевиќ повторно пред зградата во која живее го затекнала својот автомобил видно оштетен, без неколку надворешни делови на него. Луксузниот „мерцедес“ на водителката повторно мета на вандалите.
Се работи за нејзиниот луксузен автомобил од марката „мерцедес“, вреден речиси 50.000 евра.
-Од автомобилот најверојатно со метална прачка биле откорнати повеќе делови, односно биле извадени фаровите, браникот, но била оштетена и каросеријата, вели сосед на познатата водителка и џетсетерка.
Инаку и пред неколку недели беше оштетен истиот автомобил на Мелита. Врз него беше истурена солна киселина и беше направена штета од неколку илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.