Педесет и петгодишната пејачка Марина Перазиќ, која врвот на својата популарност го достигна во времето на Југославија и песната „Колачиќи“, улови младо „мевце“. Таа неодамна сними дует со 33 години помладиот Димитри Блугреј, но тоа не е единствената комбинација во која се најде со него. Димитри, кој е студент на Арт академијата во Белград, и помогнал на Марина во нејзината кариера, а оттогаш се неразделни, тврди пријателка блиска на пејачката за српските медиуми.
Марина Перазиќ е позната по тоа што сака помлади мажи. Покрај Димитри, таа во текот на нејзината кариера беше поврзувана и со многу познати фаци од јавниот живот, сите помлади од неа. Меѓу нив и црногорскиот шармер Владо Ѓеоргиев и лошото момче Срегеј Трифуновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.