| четврток, 6 декември 2018 |

Немам што да јадам, ни каде да живеам – Перазиќ за да преживее влегува во реално шоу

Некогаш секс-симбол на југословенската музичка сцена, денес социјален случај. Марина Перазиќ влегува во реалното шоу „Фарма“, бидејќи нема каде да живее.

– Тешко ја донесов оваа одлука, но маката ме натера. Немам пари и за навистина добар хонорар се согласив на ова. Ова се тешки околности за мене – низ солзи раскажува таа за српски „Блиц“.

Пејачката беше дел и од првата сезона на истото реално шоу, а сега не ги крие мотивите што повторно се враќа на тој имот – таа живее на работ на егзистенција.

– Oдамна добив понуда, но ми беше тешко да прекршам. Пресудни беа финансиите. Навистина многу тешко живеам во последно време, немам своја куќа, на ќерките им изнајмив стан. Сакам да работам, но немам што, сакам да почнам проекти, да завршам песни, но немам од што. Буквално се влечкав по куќи, гледате колку ме боли да зборувам за тоа. Многу сум емотивна и немам што да кријам, а знам дека не сум единствената што  живее вака, само јас зборувам за ова јавно – вели Перазиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top