| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Паничен обид на соросовите НВО да го затскријат незаконското, пристрасно и партиско работење

Реакцијата и заканата упатена кон движењето „Стоп операција Сорос“, и нејзините активисти, од страна на невладините организации кои се финансирани од Сорос, која се должи на наводни клевети за нивната поврзаност со политичката партија СДСМ, е само паничен обид да се затскрие нивното незконско, пристрасно и партиско работење, вели аналитичарот Никола Србов од Движењето „Стоп Операција Сорос“.

Србов вели дека на прес конференција, одржана на 8 мај 2015 година, од страна на Стево Пендаровски како офцијално претставник на СДСМ, беше објавено дека СДСМ со 70 невладини организации, помеѓу кои се наоѓаат сите невладини организации кои беа посочени од страна на С.О.С. за нивна поврзаност со СДСМ, влегува во коалиција под името „Граѓаните за Македонија“.

Во коалицијата „Граѓаните за Македонија“ влегуваат, СДСМ и невладините организации: Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” – Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Патокази – Гевгелија, Визио – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес, КХАМ – Делчево, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности и Младински образовен форум.

-За најавениот протест на СДСМ заедно со невладините на Сорос кој се одржа на 17 мај 2015 година, Марјан Забрчанец од Младински образовен форум изјави „Нашата заедничка акција која ќе започне со масовен гласен и ненасилен граѓански протест ќе започне на 17 мај 2015 година, пред Владата на РМ и ќе трае до дефинитивниот пад на власта“. *Објавено на 14 мај 2015 година на веб порталот „Плусинфо“. Истите овие граѓански организации кои се финансираат од Сорос, а се закануваат на секој кој ќе постави јавно прашање за нивното работење, учествуваа и во т.н. „Камп на слободата“ организиран од страна на СДСМ пред Владата на Република Македонија, вели Србов.

fokus
Тој додава дека истите овие граѓански организации кои се финансираат од Сорос заедно со СДСМ, ја организираа т.н. „шарена револуција“ на која беа физички напаѓани и тепани припадниците на МВР и беа нанесени огромни финансиски штети на даночните обврзници на Република Македонија.
reporter

-На овие протести го гледавме раководството на СДСМ предводено од Заев како маваат со боја по јавни објекти, мостови и споменици. За ова пристрасно и партиско работење на невладините кои се финансираат од Сорос, да биде уште поизразено, во предизборниот период во 2016 година, платформата на „Граѓаните за Македонија“ се преименува во „Ние одлучуваме“ – акција преку која невладините организации финансирани од Сорос јавно спроведуваа политичка кампања посочувајќи им на граѓаните за која политичка партија да гласаат, попрецизно, да гласаат за СДСМ, смета Србов.

Тој прашува дали е ова вистински граѓански активизам и граѓанско општество за кое зборуваат невладините организации финансирани од Сорос? Дали на овој начин, капацитетите, инфраструктурата и финансиите на невладините организации на Сорос беа ставени на располагање на СДСМ? и Дали на овој начин била незаконски финансирана кампањата на СДСМ со огромни суми парични средства кои се влевале од надвор?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top