| четврток, 6 декември 2018 |

Бенфика со минимална предност патува во Дортмунд, Обамејанг немаше свој ден (видео)

ederson

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд го претрпе првиот пораз во сезоната во Лигата на шампионите, откако вечерва во Лисабон загуби од Бенфика со 1-0, практично од единствениот удар на домаќините кон голот.

Јунак за Бенфика беше грчкиот интернационалец Митроглу кој успешно стрелаше во голот на „милионерите“ по само неколку минути од стартот од второто полувреме.

Борусија може да жали што поразена си заминува од Лисабон бидејќи избраниците на тренерот Тухел го контролираа мечот создадоа многу шанси за гол промашија пет зицери, а голманот на Бенфика Едерсон успеа да го скроти ударот на Обамејанг од пенал.

obamejang

Едерсон успеа во самиот финиш до мечот на чудесен начин да ја сочува својата мрежа и да ја исфрли топката во корнер, откако речиси сите ја видоа во неговата мрежа.

Ако Борусија успее во реваншот на домашен терен да ја повтори играта од вечерашниот меч и ако ги намали грешките во самата завршница од нападите, може да се надева на пласман во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top