| четврток, 6 декември 2018 |

На Барселона и се стемни во „градот на светлината“, ПСЖ до врв и ја наполни мрежата! (видео)

Пари сен Жермен приреди огромно изненадување на стартот од нокаут фазата во Лигата на шампионите, декласирајќи ја Барселона со убедливи 4-0 на „Паркот на принцовите“. Тренерот на „светците“ Унаи Емери уште еднаш се докажа како врвен стратег за нокаут натпревари во европските купови откако целосно ја доби тактичката битка со Луис Енрике, одржувајќи му лекција на својот сонародник.

Анхел ди Марија беше во главна улога, постигнувајќи два прекрасни погодоци за „светците“, додека по еднаш мрежата на Тер Штеген ја затресоа Дракслер, кој доби шанса пред Лукас Моура, и Кавани. Барса беше целосно надиграна, Меси неутрализиран, а двете најубави шанси ги промашија Андре Гомеш, чиј удар Трап го одбрани при резултат 1-0, и Умтити, кој со глава од непосредна близина во финишот стрелаше само во дирекот. Ваква Барселона љубителите на фудбалот не памтат кој знае од кога, но каталонскиот гигант никогаш не треба да се отпише.

barcelona

Сепак, играта на ПСЖ во првиот меч во Париз не ветува дека Барселона може да надокнади четири гола негатива и да се пласира во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top