Хрватскиот стратег Игор Тудор е новиот тренер на фудбалскиот клуб Галатасарај. Хрватот и дефинитивно ги договори сите услови за преземање на кормилото на турскиот гигант а денеска се очекува само официјалната потврда од клубот.
Тудор во Галатасарај доаѓа од кормилото на Карабукспор каде пристигна на почетокот од сезоната. Претходно во својата тренерска кариера го водеше Хајдук во периодот од 2013 до 2015 година, а потоа работеше и во грчки ПАОК.
На клупата на Галатасарај ќе го наследи Јан Олде Рикеринк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.