Изградбата на новата спортската сала во основното училиште „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје се одвива според предвидената динамика. Се очекува салата целосно да биде завршена до јуни, а учениците веќе од следната учебна година да можат да ја користат.
Увид во градежните работи денеска изврши заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој истакна дека изградбата на спортска сала за најстарото училиште во Македонија било навистина неопходна.
Основното училиште „Кирил и Методиј“ досега никогаш немало спортска сала.
-Новата спортска сала интензивно се гради за најстарото училиште. Училиштето е основано пред 180 години. Станува збор за исклучително важно училиште во централното градско подрачје кое што долг период немаше никаков објект за спортски активности , а со изградбата на овој објект ќе имаат најсовремена спортска сала за потребите на учениците. Станува збор за исклучително капиталан проект, за спортска сала од 32 милиони денари, истакна Ристовски.
Посочи дека е задоволен од динамината со која се гради спортскиот објект со оглед на тоа дека поради временските услови имало извесен застој во градбата, но сега градежните работи се интензивирани.
Додаде дека ова училиште продолжува да биде во фокусот на МОН потсетувајќи дека во него (заедно со ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром) четврта учебна година се спроведува меѓународната ИБ-програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.