Во пресрет на најавениот заеднички концерт, прв и едниствен, Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони испратија видеопорака за сите нивни македонски фанови
– Ова е мојот пријател Оливер тој ќе ги поздрави женските, а мене ми остануваат машите… Значи, драги Македонки, драги Македонци додјете на концерт во Арена на 4 март… Така е, бидете дел од нашата фамилија концертот ќе биде одличен. 50 години кариера на Оливер и 30 моја, па кога сето ќе се стави во четири часа тoa ќе биде чудо. Заедно ќе ни биде убаво и ќе пееме заедно – велат Оливер и Џибони.
Заедничкиот концерт на Оливер и Џибони на кој на македонската публика ќе и го претстават проектот „Фамилија” е закажан за 4 март во арената „Борис Трајковски“, а истиот е во организација на „Гуливер милс“.
„Фамилија” е проект инспириран од нивни животни приказни и случки, а на концертот освен новите теми Оливер и Џибони, прв и засега единствен пат во ваков состав во Скопје, ќе ги отпеат и своите најголеми хитови.
Билетите за концертот се во ограничен број, а истите се продаваат по цена од 900 денари за седење на трибини, 1.000 на мобилни трибини и партер и 1.500 денари се ВИП влезниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)