Никола Јокиќ беше централна фигура на синоќешните натпревари во НБА лигата откако со својот втор „трипл-дабл“ во кариерата го предводеше Денвер до триумф од 132-110 против вицешампионот Голден стејт.
Српскиот репрезентативец за 36 минути на паркетот запиша 17 поени, 21 скок и 12 асистенции, сето тоа дополнето и со две украдени топки за голема победа на тимот од Колорадо.
Денвер на мечот го израмни и рекордот по број на постигнати тројки (24/40), со тоа што Хјустон за истата бројка имаше далеку повеќе обиди (24/61).
Најефикасен на дуелот кај Денвер беше Хуан Ернангомез со 27 поени, а одличен беше и Вил Бартон со 24 поени и 24 скока.
Во поразениот тим, за кој не играа Клеј Томпсон, Пачулија, Ливингстон и Дејвид Вест, предводеше Кевин Дурант со 25 поени. Игудала имаше 15 поени а Стеф Кари 11 поени, со пет асистенции.
Денвер дојде до 24-та победа, па и со 30 порази се на осмата позиција во Западната конференција, додека Вириорси и натаму се на чело со скор од 46-9.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)