Документите на американската ЦИА, од кои била отстранета ознаката за тајност, откриле дека разузнавачките служби на САД оделе до таму што користеле лица со телепатски способности, а најпознат случај е заложничката криза во американската амбасада во Иран.
ЦИА и официјално се занимавала со паранормални активности. Според документите од кои неодамна била отстранета ознаката за тајност, ЦИА користела тим од видовите луѓе за да собере информации за операции без физичко присуство.
Според информациите од документите, програмот бил отворен во 1975 година. Во него постоеле стотина кандидати кои тврделе дека се видовити. Од неколку стотина кандидати, само шест биле одбрани да бидат дел од понатамошните операции.
Во текот на неколку години, програмата со кодно име „Пламен од скара“ повеќе се занимавала со истражување и собирање теории во врска со паранормални активности, пишува Sputnik. Меѓутоа, среќата им се свртела во 1979 година, кога „Пламен од скара“ биле поканети да помогнат во потрагата по исчезнат авион на американската морнарица.
Операцијата била завршена успешно и “видовитите агенти” биле во состојба да ја откријат локацијата на авионот со грешка од околу 15 милји. Џими Картер, тогашниот претседател на САД, го открил постоењето на овој програм во интервју кое го дал 12 години по инцидентот.
“Пративме авион да оди во Централна Африканска Република – авион со два мотори, мал авион. И не можевме никаде да го најдеме”, рекол тој, и покрај сателитските фотографии. “Поради тоа директорот на ЦИА дојде и ми каже дека контактирал жена од Калифорнија, која тврди дека има натприродни способности. Таа влегла во транс и напишала географска ширина и должина, ние пративме сателит на тие координати – и таму го најдовме авионот”.
Меѓутоа, операциите кои уследиле немале такви резултати. Еден од најголемите неуспеси била заложничката криза во американската амбасада во Иран истата година. Според документите, телепатите во ниеден момент не успевале да дојдат до точни информации – од самиот почеток на конфликтот, до моментот кога заложниците биле раздвоени насекаде по земјата. Локациите кои тие ги давале, од точните локации биле оддалечени по стотина милји.
Тоа што е интересно е дека програмот “Пламен од скара” продолжил да работи уште 14 години, и покрај неуспехот во Иран. Променето му било името, променети биле и директорите, но опстанал. И денес има дебати за овој програм.
“Телепатите не беа ништо полоши од останатите човечки разузнавачки извори”, рекол Едвин Меј, физичар кој соработувал со “Пламен од скара”. “За жал, беа подеднакво лоши. Човечките суштества се непоправливо ужасни во шпионирањето во стилот на Втората светска војна – стојат таму со двогледи, бројат тенкови. Така може да се појават разни предрасуди”.
Меј ги надгледувал парапсихолошките истражувања за владината разузнавачка агенција околу 20 години.
“Посебно на почетокот, се занимававме со надворешни проценки – односно со тоа што го правеше другата страна”, им рекол Меј на новинарите. “Добивавме информации дека Кина и Русија експериментираат со телепати кои тврдат дека имаат моќи, и наша работа беше да процениме дали е тоа вистина и колкава закана претставува за нас”.
“Видовитите луѓе во некои случаи беа во можност да ни дадат информации за тоа каде се префрлени заложниците. Можеа до некаде да ја видат и нивната здравствена состојба”, рекол тој. “Ако можете да седите во Форт Мид и да го опишувате здравјето на заложник кој треба да биде ослободен, тоа е многу корисно”.
Меѓутоа, постои уште едно објаснување за тоа зошто програмата преживеала толку долго.
“Документите од кои ЦИА ја отстранила ознаката за тајност се ѓубре”, рекол еден од “видовитите агенти” од “Пламен од скара”, Џозеф Макмонигел во интервју. “Не ја отстраниле ознаката за тајност од акциите кои успеаја”.
Програмата била официјално затворена во 1995-тата година, откако со ревизија било утврдено дека “извештаите за набљудување од далечина” не даваат конкретни, прецизни информации кои би биле од значење во разузнавачкиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)