Повеќе од десет години американските претставници се предупредувани на можна катастрофа и оштетување на главниот преливник на калифорниската брана „Оровил“, но за тоа молчеле.
Поради огромните пукнатини на преливникот на браната недалеку од градот Оровил во Северна Каролина итно се евакуирани речиси 200 000 луѓе, бидејќи браната би можела да попушти од силниот притисок на водата која се насобрала поради обилните врнежи.
Она што евакуираното население сигурно ќе го разбесни е фактот дека властите со години биле предупредувани на вакво сценарио во случај големите води и оштетување на главниот прелив, но дека за тоа се молчело додека „водата не дошла до грлото“. Дури и кога се појавил кратер на браната населението е уверувано дека нема причини за страв.
„Orovil merkjuri herald“ пишува дека уште пред 12 години федералните и државни власти и некои од најголемите агенции задолжени за водата го отфрлиле поднесувањето на три организации за заштита на околината.
Групите предупредиле дека браната чиј сопственик е државата Калифорнија, не ги задоволува безбедносните стандарди, и дека во случај на екстремни дождови и поплави огромна количина вода од езерото едноставно ќе го преплави и оштети главниот преливник, откако ќе се испушти низ помошниот преливник. Тоа сепак би можело да предизвика голема ерозија на тлото и поплави во градовите и места низ реката во која истечува вода од езерото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)