| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола покажа неверојатен гест кон играч на Борнмут (Видео)

Ирецот во 2015 доживеа трагедија откако неговата ќерка Рене почина при породување.

Хари Артер сега чека ново дете, па по крајот на вчерашниот натпревар со Манчестер Сити доби порака од Пеп Гвардиола.

По последниот свиреж на судијата, Шпанецот се упати на теренот го прегрна Хари Артер и му рече: „Жал ми е за она што ти се случи, ти посакувам се најдобро”.

На прес конференцијата, новинарите го запрашаа Пеп Гвардиола за што разговарал со играчот на Борнмут.

-Наскоро ќе стане татко, па му честитав и изразив надеж дека се ќе биде во ред. Знам што се случи во 2015. Се надевам дека бебето ќе биде здраво.

Самиот играч не можеше да поверува што се случи и изрази огрмна благодарност.

-Тој посака се најдобро за мене и мојата сопруга оваа недела, неверојатен гест – вели Артер.

-Имам огромна почит за него. За мене, Пеп е најдобриот тренер во светот.

-Па навистина го почитувам неговиот потег и со насмевка на лицето го прифаќам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top