Македонската пејачка Анита Мицова, на Денот на виното и на љубовта, ја престави својата нова песна „Биди добар“.
Во оваа балада, чии автори се Весна Малинова и Кирил Бабамов, свој удел во инструменталниот дел има еминентниот музичар Ратко Даутовски, а песната си доби и видеоспот, зад кој застана Даниел Јовески.
– Со песната, со спотот, односно со целиот овој проект, креативноста во него, сакавме да ја пренесеме мојата порака „со љубов, за љубов“, а тоа најубаво се прави преку музиката и преку видеото за неа. Не случајно за тоа е избран и овој ден, кога ги славиме виното и љубовта – вели Анита.
Оваа година се очекува и промоција на албумот со наслов „Ти сум Јас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)