| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ја поставите масата за Денот на вљубените?

Интересен детаљ на романтичната маса се заврзани чаши. Изберете украсна лента и околу секоја чаша направете машна, а на работ со штипка прицврстете ги чашите со картичка и убави желби.

За овој посебен ден наместо црвени рози можете да одберете нежно розеви. Поставете ја масата, најдобро би било да изберете едноставни бели чинии и на нив да сместите по две рози. По желба, можете да фрлите и по некоје ливче од розите на масата.

167204-425x283-Valentines-Day-Table-Settings_main_sm-Copy-Copy

Приборот за јадење поставете го во чинија, а посебен шарм на вашата маса ќе даде една украсна лента со која можете да ги врзете лажицата, вилушката и ножот. На чинијата расфрлете по некое ливче од розите со срца, кои предходно сте ги исекле од хартија.

restaurant-promotion-valentines-day-rosses

Една од најсаканите декорации секако е бел чаршаф за маса и црвени салфетки. Притоа, најдобро е да се изберат бели чинии и на нив поставете бели платнени салфети во некој облик, околу кој ќе врзете украсна лента, а приборот за јадење завиткајте го во црвена салфета.

images-6

Одличен детаљ на вашата маса се и пораките на чинијата. Со коцките за играта “Scrabble” можете да напишете  „те сакам”, а подеднакво добро ќе изгледа ако тоа го направите со помош на колачи или бои за јадење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top