Тања Царовска и Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“ ќе настапат како вокалисти на концертот кој го организира Македонска филхармонија по повод Денот на вљубените – „Murder Ballads“, кој ќе се одржи на 14 февруари.
Следејќи ја традицијата и оваа година Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените подготвува несекојдневен музички настан. Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш, во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин.
Билетите за концертот по цена од 800 и 1.000 денари ќе бидат пуштени во продажба од денеска и можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10 до 20 часот, односно во сабота од 10 до 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан


