| четврток, 6 декември 2018 |

Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“-Ресен, донираше 250 пакети школски прибор

Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“- Ресен ја продолжи својата донаторска акција и во градот Охрид.


Така денеска фондацијата на ООУ „Братство и единство“ од Охрид му донираше 250 пакети школски прибор. Воедно од страна на извршниот директор на фондацијата Никола Митровиќ Бабе и директорот на училиштето Муарем Доко беше потпишан Меморандум за соработка. Исто така на Фондацијата и беше доделена и благодарницаза нејзината благородна дејност.


Митровиќ потенцира дека донаторската активност е една од најзначајните кои ги спроведува и ќе ги спроведува Фондацијата Тодор Александров, но и дека освен оваа ќе се спроведуваат и многу други активности низ територијата на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top