| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално искрено признание на Адел за мајчинството

Адел одржа емотивен говор откако на доделувањето на наградата „Греми“ ја добри наградата за најдобар албум. Многу мајки се поистоветија со нејзининото признание околу мајчинството.

Познато е дека британската пејчака нема влакна на јазикот и отворено говори за својот приватен живот. Откако на 24 години го роди синот, не крие колку тешко понекогаш и паѓа мајчинството.

Раѓањето на дете навистина е голема промена во животот на секоја жена и момент кога се менуваат приоритетите, а тоа секогаш не е лесно да прифати, посебно ако мајката сака да и се посвети на кариерата. Комбинирањето меѓу мајчинство и работа понекогаш е исцрпувачко. По породувањето Адел неколку години отсустуваше од сцената, а во говорот ги допре и тие теми.

61328244-adele-angelo-konecki

– Последен пат бев овде пред пет години, бев трудна, а не знаев. Кратко време откако ја добив наградата, разбрав дека сум бремена и тоа беше мој најглем благославов во мојот живо. Но, во бременоста и во мајчинството загубив голем дел од себе. Се борев и се уште се борам со мајчинството, а оваа победа е како да сум завртела еден круг. Како тој дел повторно да ми се врати – изјави Адел.

Таа ретко дава интервјуа.

– Оф, колку е тоа тешко. Мислев дека ќе биде лесно. Па сите го прават тоа, колку тешко може да биде? Навистина немав поим што ме чека. Тешко е, а истовремено е и феноменално. Понекогаш полудувам, понекогаш се чувстувам младо – вели пејачката за своето искуство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top