Роналдињо неодамна беше и официјално промовиран како нов амбасадор на фудбалскиот гигант Барселона, а со самото тоа има обврска на најдобар можен начин да ги претставува Каталонците на сите страни во светот.
Легендарниот бразилски фудбалер кој мина феноменална етапа на „Камп ноу“ досега безброј пати одговараше на вечното прашање околу тоа кој е најдобар играч на денешницата, а ако секој пат го дава истиот одговор како што тоа го направи и сега (Лионел Меси), сепак направи една промена кога е во прашање наследникот на неверојатниот Аргентинец.
Роналдињо гледа сериозна закана за Нејмар во Габриел Хесус, фудбалер кој, според него, има потенцијал да се развие неверојатно добро и да стане најдобар играч во светот.
– Во овој момент најдобар во светот и натаму е Лионел Меси. Секогаш велев дека еден ден него ќе го наследи Нејмар, но сега тоа го мислам за друг. Во иднина гледам дека тоа ќе биде Габриел Хесус. Има неверојатни предиспозиции да напредува и да стане најдобар во светот. Манчестер Сити доби навистина специјален играч со Габриел и навистина ми е мило што беше вклучен во тимот за Лигата на шампионите – потенцира Роналдињо за „Мирор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.