Водителите на Утринската програма на ТВ Пинк Срѓан и Јована и адвокатот кој беше гостин останале зачудени кога им се јави гледачка која во раното детство била жртва на инцест.
-Братот ми силуваше кога бев малечка, имав само 6 години. Денеска имам 39 години и уште живеам со тоа. Тоа ми го упропасти животот, раскажа таа во емисијата во живо.
Гледачката обелодени уште еден неверојатен факт, а тоа е дека родителите знаеле за чинот цело време.
-Тие знаеја се, но молчеа. Сакаа да го заштитат. Јас бев дете и не знаев што да правам. Родителите денеска ми се починати, а јас продолжувам да живеам со тоа. И натаму ги сносам последиците. Мажот ме остави кога го дозна тоа. Редовно посетувам психолог, но не ми е подобро, со тивок глас, низ солзи раскажа таа.
Во програмата се вклучила за да испрати важна порака за жените дека не треба да молчат и да трпат доколку се во ваква или слична ситуација.
-Сакам да им кажам на жените ништо да не трпат. Не сакам некој да страда, јас се вклучив во програмата зошто имав потреба со сите вас да го споделам она низ што поминав, додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)