| четврток, 6 декември 2018 |

Распродадени билетите за премиерата на „Тајно моја“, закажана е уште една изведба на 21 март

Заради големиот интерес на публиката за Премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, Македонската опера и балет известува  дека после завршувањето на „Кастинг талент шоу“ во тек се завршните подготовки за реализација на истиот.

-Ве известуваме дека билетите за Премиерата предвидена за 10 март 2017 година се продадени. Заради големиот интерес на публиката,  Македонската опера и балет соопштува дека е закажана наредна претстава за 21.03.2017 г. и билетите веќе се пуштени во продажба на билетарницата на МОБ, во Југотон ГТЦ 1спрат, во сите продавници на Нептун низ Македонија и on line mob.com.mk i karti.com.mk. МОБ билетарница: тел. 3 118 451, информираат од Македонската опера и балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top