Во скопската населба Аеродром ќе се гради нов трговски центар и резиденцијален дел. На површина од 33.500 квадратни метри и 450 паркинг-места на булеварот Јане Сандански, наспроти трговскиот центар „Бисер“ ќе никне нов трговски центар „Кепитол“. Инвеститори се компаниите „Цити плаца“, „Пера констракшн“ и „Стон бриџ“, јави „Скопје инфо“.
На приземјето ќе бидат сместени супермаркетот „Рамстор“, банкарски простории, оптика, аптека, накит и козметика, фотостудио, кафе-продавници, телекомуникациски услуги, инфоцентар и друго. На првиот кат ќе има понуди од разни меѓународни текстилни брендови. На вториот кат ќе бидат детските продавници, продавници за играчки, фитнес- центар и продавници за спортска облека. На третиот кат ќе има забава, рекреација, ресторани за брза храна и, секако, широк и опуштен поглед на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)