| четврток, 6 декември 2018 |

Сосема заслужено, Џош Скот е МВП на колото во АБА-лигата (видео)

mzt skopje 1

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Џош Скот, е добитник на признанието МВП на 22. коло во АБА-лигата по одличниот настап против екипата на Крка. Американскиот центар реализираше 24 поени, и тоа со шут од поле од 85,7%, а зад неговото име останаа запишани и 13 скока, две блокади и една асистенција. Севкупно, Американецот во дресот на МЗТ Скопје стигна до 34 индексни поени, убедливо најмногу од сите кошаркари кои беа дел од АБА-лигата изминатиот викенд. Скот зад себе ги остави Дејан Давидовац од ФМП со 32 индексни поени и Рејнолдс од Будуќност, кој на дуелот со Карпош соколи собра 25 индексни поени.

Американскиот центар неколку пати сезонава беше дел од најдобрата петорка во регионалното натпреварување, но ова му е прво МВП-признание во АБА-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top