Еден од кандидатите за титулата во Примера дивизија екипата на Севилја извојуваа минимална победа на тешкото гостување на Канарските острови кај Лас Палмас со 1-0.
Со новата гостинска победа Севилја се зацврсти на третата позиција на табелата со 46 бода, два помалку од второпласираната Барселона.
Долго време Севилја не успеваше да го скрши отпорот на домаќинот, се додека во игра не влезе аргентинскиот интернационалец Хоакин Кореа. Само три минути откако доби шанса, тој во 80.минута доби употреблива топка, излезе сам пред противничкиот голман и ја затресе мрежата на Лас Палмас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)