Бејби бум се случува во Штип каде минатиот месец се покажал како особено бериќетен за брачните двојки. 101 бебе во најладниот месец од годината се родени на одделението за Гинекологија и акушерство во штипската Клиничка болница. Медицинскиот персонал не го крие задоволство од напливот на нови жители на Штип, објави Канал 5.
– На одделот за новороденчиња во Клиничката болница во Штип минатиот месец, повеќе од пријатно бевме изненадени, освен родителите секако. Породивме 101 родилка, и на свет дојдоа исто толку бебиња. Верувајте вакво нешто за прв пат се случува, бидејќи досега просекот одвај достигнуваше 4 родени бебиња, а сега се 101, информира примариус доктор Марина Гацова – специјалист педијатар.
Позитивниот тренд продолжил и во првите десет дена од овој месец. До вчера родени се 26 бебиња, што статистички гледано далеку е над просекот на родени бебиња во овој период од годината.
– Засега вкупно родени се 127 бебиња. Оваа бројка е повод за радост не само кај новопечените родители, но и меѓу нас , медицинскиот персонал, дополни д-р Гацова.
Ако на овој дел од македонскиот Исток, линија на наталитетот бележи раст, Малешевијата, особено Пехчево и Берово се градовите каде ваквите поводи за радост повеќе години ги нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.