Интер им се врати на победите во Серија А, триумфирајќи против Емполи (2-0) на „Џузепе Меаца“. Иако тренерот Пиоли имаше проблеми при составувањето на тимот поради суспензии и повреди, сепак, Едер и Кандрева најдоа начин да ја надмудррат одбраната на Емполи и да донесат нови три бода.
Торино исто така беше сигурен против Пескара, победувајќи со 5-3. „Биковите“ почнаа фуриозно, поведоа со 5-0, па им дозволија на гостите да го ублажат поразот во завршницата.
Илија Несторовски и Александар Трајковски беа стартери за Палермо, но нивниот тим загуби на домашен терен од Аталанта со 1-3. Несторовски имаше неколку убави можности за да ја продолжи серијата голови во Серија А, но овојпат не успеа да се запише во листата на стрелците.
Резултати Серија А: Интер – Емполи 2-0, Торино – Пескара 5-3, Палермо – Аталанта 1-3, Сасуоло – Киево 1-3, Кротоне – Рома 0-2.
Во вечерниот термин од 20.45 часот шампионот Јувентус му гостува на Кајлари, додека од 18 играат Сампдорија и Болоња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)