| четврток, 6 декември 2018 |

Фојц е носител на златниот медал од спуст на Светското првенство во Сент Мориц

beat fojc

Швајцарецот Беат Фојц е освојувач на златниот медал во спуст на Светското првенство во Сент Мориц. Спуст трката требаше да се одржи во текот на вчерашниот ден, но поради лошите услови на патеката беше преместен за денеска.

Фојц, кој пред две години во Бивер Крик го освои бронзениот медал, до златото стигна со предност од 12 стотинки пред Канаѓанецот Ерик Геј, за кого денешниот медал е втор на Светското првенство по оној најсјаниот во супервелеслалом. На третото место се пласира Австриецот Макс Франц, кој беше за две стотинки побрз од четвртиот Патрик Кунг.

Пред машкиот спуст денес на патеката во Сент Мориц се возеше и женската трка во истата дисциплина, а до титулата светски првак стигна Словенката Илка Штухец. Натпреварите на Светското првенство во Сент Мориц продолжуваат утре со трката во машка кобинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top