| четврток, 6 декември 2018 |

Остри коментари за македонската кандидатка: Изгледаш како да си голтнала антилопа, но не си ја сварила

Кога Македонката со африканско потекло Џени Окело се појави со талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“, заради својот специфичен изглед многумина прогнозираа дека може далеку да стигне. Меѓутоа оваа девојка која живее во Скопје, а настапува ширум Македонија, во синоќешната емисија била исфрлена од шоуто без ниту еден освоен глас.

Како тоа да не било доволно, па едниот член на жирито, пејачката Јелена Карлеуша имала остри зборови за нејзиниот стајлинг за кој и рекла дека изгледа како да „голтнала антилопа, но не ја сварила“. Острите коментари на Карлеуша може да ги видите во делот на видео снимката кој започнува од 44.25.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top