Претседавачот на ОБСЕ и актуелен министер за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски попладнево го посетија граничниот камен 59 кај Македонско грчката граница, каде пред повеќе од една година се одвиваше најголемиот проток на бегалци низ Балканската рута.
Курц се интересираше за моментната состојба и обидите за нелегално преминување на македонскогрчката граница, а бил запознат и со сите поединости околу ланскиот транспорт на бегалците.
Македонија, според шефот на дипломатијата Попоски, изигра клучна улога во задржување на Шенген договор преку спречување на нелегалната миграција која ја достигна својата кулминација на границата меѓу Грција и Македонија.
-Веројатно соработката што ја остваривме со повеќе членки на ЕУ, вклучително и Австрија, беше оној момент кој и овозможи на Грција да ги заштити на подобар начин своите граници, а тука го видовме и најлошото искуство од аспект на соработка меѓу двете држави, но и најдоброто искуство кое денеска покажа дека со таа соработка успеавме Грција да ја направиме помалку атрактивна и да спречиме неконтролиран бран на нелегална миграција кој минуваше преку Балканот- изјави Попоски.
Двајцата министри посетија уште неколку локации во гевгелиско за електронско набљудување на границата, како и контингентот на австриски полицајци кои моментно се во Гевгелија. Посетата на Курц продолжува попладнево во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.