Ќе се отвори нов рудник за јаглен во источна Македонија. На истата локација германската компанија планира да изгради и централа за производство на електрична енергија или вкупна инвестиција од 200 милиони евра.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вчера најави нова инвестиција во Желино каде во погоните ќе се произведуваат седишта за автобуси.
-Има и други со кои се водат преговори кога ќе биде конечна одлуката, а името кога самата компанија ќе го открие. Во нашата програма има во план и се работи на тоа да се отвори нов рудник за јаглен и централа за струја, помеѓу Делчено и Пехчево од 200 мега вати. Истражувањата кои се при крај и се завршија во еден дел , покажа дека таму има руда за околу 30 години и тоа високо калоричен јаглен, 200 КВ е 1/3 од РЕК Битола. Тоа ќе значи многу но ќе значи и за луѓето ќе отвори ќе вработи околу 1000 луѓе индиректно и директно – рече Груевски.
Инвестицијата е резултат добрите политики за привлекување на странски инвеститори кои и по две години политичка криза се уште ја гледаат како одлична дестинација за вложување на своите средства. Подготовките ќе бидат завршени во април и во 2019 година ќе стартува изградбата на рудникот а потоа и централата за електрична енергија која ќе треба дополнително да го зајакне енергетскиот систем во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме