Се поголеми се гласините дека Кливленд Кавалирс ќе одговори на повикот на Леброн Џејмс и ќе потпише со некој плејмејкер до крајот на преодниот рок на 23 февруари.
Последниот кошаркар, кој се поврзува со екипата од Охајо е Шпанецот, Рики Рубио. 26-годишниот шпански плејмејкер ја загуби довербата кај стручниот штаб и кај навивачите на Минесота, а се повеќе медиуми во САД го гледаат како „џокерот“ на Леброн на патот до одбрана на титулата.
Потенцијалната замена ќе го испрати Иман Шамперт кај тимбервулвси, кои останаа без бекот Зек Лавин, кој поради повреда ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.