| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд најде замена за Ирвинг, голема НБА ѕвезда доаѓа во редовите на вицешампионот

Тимот на Кливленд Кавалирс не успеа да ја одбрани титулата во НБА лигата, а како тоа да не беше доволно, па Кајри Ирвинг побара да биде трејдуван и само прашање на време е кога фантастичниот плејмејкер ќе го напушти Охајо.

Меѓутоа вицепрвакот по оваа вест за Ирвинг реши да повлече значаен потег и договори достојна замена за него-тоа е МВП на лигата од 2011 година, Дерик Роуз.

Роуз кој минатата година ја мина во Њујорк Никс со „коњаниците“ си подаде рака за едногодишна соработка и ќе игра за ветерански минимум од 2,1 милиони долари. Дерик е прв пик на драфтот од 2008 година кој во својата досегашна кариера освен за Њујорк има настапувано за Чикаго Булс и ако успеа да ја врати својата стара форма ќе биде фантастично засилување за Леброн Џејмс и компанија.

Лани 28-годишниот плејмејкер имаше бројки од 18 поени, 4,4 асистенции и 3,8 скокови во својата 8 сезона во НБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top