Жерар Делофеу, фудбалерот на Милан кој меѓу „росонерите“ дојде како позајмен од Евертон игра одлично. Посебно, тој се истакна на дуелот против Болоња со еден фантастичен дриблинг, за кого вели дека го научил од неговиот идол Роналдињо.
– Роналдо и Меси се фантастични, но мојот идол е Роналдињо. Ме инспирира на теренот, учев од него. Ми претставува огромна чест што имав можност да го гледам како игра. Тој воведе многу нови работи во фудбалот. Потегот на последниот натпревар беше ремек-дело. Не ми се веруваше кога Пашалиќ даде гол, се држев за главата додека славев. Одигравме навистина луд натпревар, иако противникот имаше повеќе фудбалери на терен – изјави Делофеу.
Милан во наредното коло од Серија А се соочува со Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.