| четврток, 6 декември 2018 |

Грижа за пензионерскиот стандард

пен

306 илјади 275 – ова е вкупниот број на пензионери во земјава. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ја објави најновата статистика, заклучно со јануари 2017 година.

Најголем дел од луѓето во третото доба се корисници на пензија по основ на работно право, вкупно 304 илјади 464 граѓани. Уште 1.463 се корисници по основ на воено право, а 348 по земјоделско право.

Највисоки се воените пензии, во просек изнесуваат 20 илјади 769 денари. Најниски се исплатените пензии по основ на земјоделско право – само 6 илјади и 800 денари. Во јануари годинава, просечната пензија во Република Македонија изнесувала 13 илјади 721 денар. За споредба, просечната пензија во 2006 година изнесуваше 7 илјади 680 денари, што значи дека овој период се зголемила за цели 78,6 проценти.

Пензионерите од декември минатата година имаат повисоки пензии за околу 670 денари, како резултат на оствареното ветување за зголемување на пензиите за 5 проценти, реализирано линеарно кај сите пензионери. Владата и за годинава гарантира редовно префрлање на парите.

-Ќе има редовно финансирање на платите на вработените во јавниот сектор, навремена и редовна исплата на пензиите, социјалните надоместоци и субвенциите во земјоделството“ – вели министерот за финансии Кирил Миноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top