| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ го освои речиси истиот број на гласови како и во 2014 година

ВМРО-ДПМНЕ го освои речиси истиот број на гласови како и во 2014-та година, што покажува кристална победа како и пред три години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју на ТВ НОВА.

-Во 2014-та година се зборуваше дека сме вршеле пририсиок, победата не била чиста, СДСМ излезе од парламентот со такви објаснувања, иако немаше релевантни докази. Сега кога СДСМ доби министер за внатрешни работи, министер за труд и социјала, тројца заменици министри со право на вето, директор на информативната програма на државната телевизија, измени на закони, на изборниот закон и редица други работи, кога го доби сето тоа, се испостави дека бројот на гласачи што ВМРО-ДПМНЕ ги добивал е безмалку ист, практично ги задржавме гласовите од 2014-та година и дојдовме до победа. Десетта победа по ред, без пораз- изјави Груевски.

Додаде дека победата на последните парламентарни избори е последица на многу работа,а народот тоа повторно го препозна, но победата воопшто не била лесна со оглед на тоа што на овие избори им претходеа многу опструкции со цел да се влошат позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Свесни сме дека нашата победа е последица на сработеното, победата не паѓа од небо. Ја заработивме со многу труд и многу работа, додека мнозинството граѓани тоа го препозна и нагрди. По победата имаше обид за рекомпонирање на гласовите, но морам да напоменам иако сите овие избри беа чисти и демократски, претходеше година на сериозно влијание однадвор во правец на тоа да се влошат позициите на ВМРО-ДПМНЕ и да се подобрат на СДСМ. Одредени фактори правеа се за да му помогнат на СДСМ  – заклучи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top